Веспрем донесе топ-засилување, потпиша и нов договор со клучен играч

Веспрем активно ја стартуваше новата сезона, откако унгарскиот ракометен гигант официјализираше еден извонреден трансфер, воедно и потпишувајќи нов договор со Гаспер Маргуч, еден од најстандардните ракометари на Веспрем во изминатите години.

Извонредното десно крило на Брест Мешков, Никита Ваилупов, денеска и официјално потпиша договор со Веспрем, што ќе стане валиден по завршувањето на оваа натпреварувачка сезона. Белорускиот репрезентативец и сезонава е меѓу лидерите на Брест Мешков, за неговите услуги се интересираа неколку тимови од Лигата на Шампионите, но Ваилупов ја избра онаа за преселба во Унгарија.

Маргуч потпиша двогодишен договор, со што словенечкото десно крило ќе остане во клубот до јуни 2024 година. Словенецот веќе осум сезони го носи дресот на Веспрем, каде пристигна во 2014 година од редовите на Целје. Досега тој има одиграно 308 средби за унгарскиот гигант, притоа постигнувајќи 1145 погодоци.

Се вчитува...