Веспрем го најде решението за Кијелце, ПСЖ лесно во Романија

Веспрем им се врати на победите во ракометната Лига на Шампиони откако во 13. коло од групната фаза славеше над Кијелце со 35-33.

Натпреварот помина во изедначено темпо во поголемиот дел, а клучната разлика унгарскиот тим ја направи во средината на второто полувреме кога со серија од 4-0 стигна до предност од 26-23, а истата беше преголем залак за лидерот на табелата и покрај тоа што на крајот стигна на негатива од само еден поен.

ПСЖ пак ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај „фенерџијата“ Динамо Букурешт и славеше со 31-39. Победата францускиот тим ја најави уште на крајот на првото полувреме кога со серија од 4-1 стигна до предност од 16-20.

Добрата игра на парижани продолжи и во вторите 30. минути во кои постојано се зголемуваше предноста, во еден момент гостите имаа и плус 8 (27-35) за мирен финиш и комотна победа.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...