Веспрем го освои Берлин, победи и на Кјелце и на ПСЖ

Ракометарите на унгарски Веспрем стигнаа до голема победа на гостувањето кај вицешампионот на Европа, Фуксе Берлин од 29-35 во натпревар од 2. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Унгарците беа подобар противник во текот на целиот меч и на крајот заслужено стигнаа до полн плен. Иго Деска со девет гола прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Гидсел постигна десет гола.

Во останатите два меча од понудата од 20.45 часот Кјелце славеше на гостувањето кај Колштад со 29-36, додека Пари Сен Жермен стигна до домашна победа над ППД Загреб од 34-30.

Се вчитува...