Веспрем го промовираше новиот тренер, па „шутна“ двајца екс-вардарци

Најавените промени во Веспрем денеска се официјализираа откако Момир Илиќ беше претставен во јавноста како нов шеф на стручниот штаб на унгарскиот гигант.

Шпанецот Давид Дејвис оправдано доби отказ по катастрофалната сезона во која Веспрем ја загуби титулата во Унгарија, а згора на тоа не се пласираше ниту на фајналфор турнирот од Лигата на Шампионите, откако во четвртфиналето беше елиминиран од Нант.

Управата на клубот најави „ремонт“, а улогата на нов предводник му беше доделена на Илиќ, кој како играч мина неколку блескави сезони во дресот на Веспрем.

Покрај тренерската смена, се реализираа и најавите за промени во играчкиот кадар. Данецот Николај Маркусен веќе го комплетираше трансферот во Холстебро, а отказ добија и двајца поранешни ракометари на Вардар, Вуко Борозан и Данил Шишкарев. Црногорскиот бек и руското десно крило се слободни играчи и се очекува во наредниот период да потпишат договори со нови клубови.

Се вчитува...