Веспрем убедливо преку Сегед до четвртфинале со Алборг во ЛШ

Ракометарите на Веспрем, сосема очекувано, се четвртфиналисти во Лигата на шампионите откако и во втората осминафинална пресметка убедливо славеа против ПИК Сегед, овој пат на домашен терен со 39-32.

Без никаков проблем Веспрем ја оправда фаворитската улога со убедлива игра уште во првото полувреме најавувајќи ја победата на денешниот дуел.

Најефикасен во победничкиот тим беше Валупау со 8 гола, а кај Сегед се издвои Португалецот Соарес исто така со осум постигнати погодоци.

За место на Ф4 во Келн, Веспрем во четвртфиналето ќе се бори со дански Алборг.

Се вчитува...