Вест Хем конечно најде стопер – Мароканец доаѓа во Лондон

Вест Хем Јунајтед во следната сезона ќе може да смета на услугите на Најеф Агуерд. Мароканскиот репрезентативец во Лондон доаѓа од редовите на Рен во трансфер вреден 30 милиони фунти, потврди доброупатениот Фабрицио Романо.

Со тоа лондонскиот клуб ја реши проблематичната позиција и се очекува повторно да биде во игра за висок пласман во Премиерлигата следната сезона.

Дваесетишестгодишникот трансферот го потврди на социјалните мрежи каде му се заблагодари на францускиот прволигаш и неговите навивачи, а официјалното претставување се очекува да биде во понеделник по поминување на медицинските прегледи.

Се вчитува...