Вестбрук ефект: Срамен „кватрипл-дабл“ за крај на легендарниот рекорд на Лејкерс стар 25 години

Лос Анџелес Лејкерс го претрпеа и третиот пораз на почетокот на новата сезона во НБА лигата. Овој пат тимот од „градот на ангелите“ потфрли на гостински терен против Оклахома со 123-115.

Лејкерс по првата четвртина имаа предност од 41-19, а во текот на мечот и позитива од 26 поени, но кога се чиниеше дека овој натпревар ќе биде само формалност гостите потфрлија. Tоа го искористија домаќините кои во третата четвртина постигнаа 41 поен и поведоа во мечот, а во одлучувачките 12. минути успеаја и да слават.

Во отсуство на Леброн Џејмс товарот падна вез дуото Дејвис-Вестбрук. Центарот натпреварот го заврши со 30 поени и 8 скока, додека бекот го забележа првиот трипл-дабл во дресот на Лејкерс (20 поени, 14 скока и 13 асистенции), но стигна и до несллавен „кватрипл-дабл“ дополнет со 10 изгубени топки, кој за плејмејкерот е шестти во кариерата.

Притоа Вестбрук го одбележа мечот со катастрофален шут погодувајќи само две од осум обиди за три поени, односно само осум погодени обиди од 20 шута, а доби и исклучувачка лична грешка откако влезе во расправија со Бејзли.

Домаќините со победата ставија и крај на неверојатната серија на тимот од Лос Анџелес која трае 25 години. А, истата бележеше 230 натпревари без пораз во кои Лејкерс имале предност од 25 поени или повеќе.

Се вчитува...