Вестбрук револтиран по срушениот голем НБА-рекорд: „Жал ми е за оние кои мислат дека ова што го правам нема вредност!“

Иако неговиот Вашингтон ја прекина низата од осум победи, Расел Вестбрук со новиот „трипл-дабл“ постави нов импресивен НБА-рекорд.

Во поразот од Сан Антонио од 146-143 по продолжение, Вестбрук постигна 22 поени, 14 асистенции и 13 скока, со што стигна до 175. „трипл-дабл“ во кариерата.

За него тоа беше 12. „трипл-дабл“ во април со што го сруши 43 години стариот рекорд на Вилт Чемберлен за еден месец.

Сепак, нема да го сруши сопствениот НБА рекорд на сезоната од 42. „трипл-дабл“ ефекти, поставен во сезоната 2016/17. Оваа сезона досега има 29, па теоретски до крајот може да стигне само до 40.

И покрај сите овие извонредни постигнувања, Вестбрук генерално го сметаат ловец на статистика, а неговите „трипл-дабл“ ефекти одамна и не се некоја вест. Впрочем, НБА вчера го прогласи неговиот соиграч Бредли Бил за играч на неделата на Истокот, со што јасно даде до знаење кого го смета најзаслужен за победите на Вашингтон.

Но, Вестбрук има сосема поразличен поглед на нештата.

„Искрено мислам дека не постои играч како мене. Ако луѓето мислат дека ова се што го правам и не е нешто посебно, жал ми е за нив. Но, прилично сум сигурен дека секој би го правел ова ако би можел. Но, не можат другите. Се обидувам да влијаам на играта на разни начини. Велат дека сум ловец на статистика и дека моите трипл-дабл учиноци немаат вредност. Кај мене можеби тоа изгледа лесно за реализација, но не е така. И јас сум горд на тоа“ – истакна Вестбрук по синоќешниот натпревар.

Се вчитува...