Вестбрук се прости од Вашингтон: Секогаш ќе бидам благодарен на топлиот пречек

Расел Вестбрук е нов играч на Лос Анџелес Лејкерс каде пристигнува во голема размена на играчи во која на споритвната страна заминаа Кајл Кузма, Монтез Харел, Колдвел-Поуп, Ајзеа Џексон и 22. пик на овогодишниот драфт.

Плејмејкерот новиот трансфер го потврди и на социјалните мрежи со благодарна порака до раководството на Вашингтон, тренерот, соиграчите и навивачите.

„Ти благодарам Вашингтон! Од првиот ден ме дочекавте мене и моето семејство со раширени раце. Сите. Од управата, до стручниот штаб, тренерот, соиграчите и навивачите. Благодарен сум што ми ја дадовте оваа можност и ме поддржавте во секој чекор. Благословен сум што бев дел од оваа организација. Не ми требаше многу време за ова место да стане мој нов дом. Секогаш ќе бидам благодарен на искуството кое го стекнав во оваа организација“, напиша бекот.

Се вчитува...