Ветераните на Охрид подобри од ветераните на Црвена Звезда

Ветераните на Охрид триумфираа со 3-1 против ветераните од Црвена Звезда на пријателската средба меѓу легендарните генерации на двата тима која денеска се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Охридските вљубеници во фудбалот уживаа во мајсториите на легендите на двата клуба. Дресот на Црвена Звезда го носеа и Милош Шестиќ, Јован Куле Ачимовиќ, Бошко Ѓуровски, Здравко Боровница, Недељко Милосављевиќ, Јовица Николиќ, Славољуб Јанковиќ, Митко Стојкоски, Тони Мицески, Слободан Булески, Гоце Илчески, како и почесниот конзул на Србија, Мишо Филев.

За Охрид, пак, настапија Данчо Целески, Благоја Буџакоски, Игор Митрески, Љубе Лескароски, Љупчо Митрески Бавча, Аце Велески, Аце Велјаноски, Гоце Маркоски, Веле Ѓоршески, Наум Шапкар, Аце Толески, Стефан Здравевски Циро, Дејан Лескароски, Мишко Рувинов… Охриѓани од клупата ги предводеа Драган Блажески Крчо и Насте Мише.

ФОТО: www.ohridnews.com

Се вчитува...