Саша Везенков е добитник на признанието за МВП на плејофот во Евролигата, награда што оваа година за првпат се доделува од страна на елитното кошаркарско клупско натпреварување.
Евролигата вообичаено доделуваше признанија за МВП во регуларниот дел од сезоната и за фајналфор турнирот, но од сезонава беше додадена и наградата за плејофот, што завршува во рацете на Везенков. Бугарскиот кошаркар заслужено се закити со признанието откако го предводеше Олимпијакос до победа од 3-1 во четвртфиналната серија против Реал Мадрид.
„Кралевите“ во текот на целата серија немаа одговор за крилниот центар на Олимпијакос, кој доминираше со просек од 19 поени, 6,5 скокови и 3 асистенции по натпревар. Просечниот индекс од 22,8 индексни поени по натпревар е највисок од сите кошаркари кои беа дел од плејофот, па Везенков заслужено се закити со наградата откако претходно извиси за МВП на регуларниот дел од сезоната, признание што заврши во рацете на Кендрик Нан од Панатинаикос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА