Видал полета за Милано, утре потпишува за Интер

Артуро Видал вечерва ја напушти Барселона и полета за Милано, каде утре ќе го официјализира трансферот во редовите на Интер. Чилеанецот беше меѓу првите на кои од новиот тренер им беше кажано дека треба да си замине од Барса, но за разлика од Луис Суарез тој се согласи да не биде исплатен за последната година од договорот, по што доби зелено светло за заминување без отштета од „Камп Ноу“.

Тој уште пред извесно време ги имаше договорено условите за соработка со „нероаѕурите“ (двогодишен договор со можност за уште една дополнителна сезона), но денеска конечно доби зелено светло за комплетирање на трансферот. Видал вечерва ќе пристигне во Милано, а во текот на утрешниот ден по лекарските прегледи и официјално ќе потпише договор со Интер.

Станува збор за играч што своевремено имаше беспрекорна соработка со Антонио Конте во Јувентус, па трофејниот стратег неслучајно инсистираше на ангажман на Чилеанецот, како на играч со искуство, но и со победнички менталитет, нешто што му недостигаше на Интер минатата сезона. Доаѓањето на Видал ќе знали и забрзување на процесот на заминување на Марсело Брозовиќ, кој разочара со недисциплина надвор од теренот во последните неколку месеци.

Се вчитува...