Виде што е Англија – Гвардиола прв пат во кариерата без освоен трофеј

Пеп Гвардиола пристигна во Англија како роден победник, стратег што секоја година освојуваше трофеи со своите претходни клубови. Сепак, каталонскиот стратег набрзина се соочи со суровата реалност што ја носи огромната премиерлигашка конкуренција, па така оваа сезона ќе биде прва за Гвардиола во која тој нема да освои ниту еден единствен трофеј.

Шансите за пехарот во Премиер-лигата се само теоретски, тој не успеа да го мине Монако во ЛШ, беше елиминиран во Лига-купот, а денеска загуби од Арсенал и во полуфиналето од ФА Купот на Англија.

Она што го имам остварено во минатото е нешто што ќе ме следи како сенка. Јасно дека сум незадоволен што останавме без пехар, но догодина сигурно ќе бидеме многу посилни“ – изјави Гвардиола, кој според англиските медиуми за следниот преоден рок ќе има за трошење околу 150 милиони фунти.

Како што јавуваат англиските медиуми, на врвот на листата со желби на Гвардиола се наоѓаат Обамејанг од Борусија Дортмунд, Бонучи од Јувентус и Роуз од Тотенхем, тројца фудбалери кои според овој стратег ќе придонесат Сити догодина да освои најмалку еден од посакуваните трофеи.

Се вчитува...