ВИДЕО – А, во Лондон еуфорија: Погледнете ја реакцијата на фудбалерите на Арсенал по освоената титула

На ова чекаа цели 22 години. Арсенал е првак во Англија, а вчерашниот кикс на Манчестер Сити на гостувањето кај Борнмут (1-1), беше дочека со огромно воодешувување меѓу навивачите, но и меѓу фудбалерите на лондонскиот тим.

Со вчерашниот резултат, сега „топчиите“ имаат четири бодови предност пред последното коло, и математички го осигураа трофејот во Премиерлигата. Имаат шанса да освојат и трофеј во Лигата на шампионите, а во финалето ќе се борат против ПСЖ.

Вчера по мечот неколку илјадници фанови на клубот се собраа пред стадионот „Емирати“ да прослават, а особено лудо беше внатре во стадионот каде играчите на Арсенал со многу внимание до последен момент следеа што се случува на дуелот Борнмут – Манчестер Сити. А, после последниот свиреж – ЛУДНИЦА.

Се вчитува...