Видео: Аеродромско славје среде Кавадарци

МЗТ Скопје ги остави зад себе сите разочарувачки настапи во АБА-лигата и во домашното првенство, па викендов во Кавадарци заигра онака како што му доликува на шампионот на Македонија. Рекордот на Работнички по куп-трофеи е израмнет, и тоа во дуел со вечниот ривал, во прекрасна атмосфера со навивачки групи на двете екипи.

Аеродромци имаа што да слават, победата над големиот противник одамна не била послатка, а го враќа и оптимизмот во пресрет на битките за титулата, која МЗТ ја брани, а која Работнички со сите сили ќе ја нападне.

Се вчитува...