Интересна пресметка меѓу Осијек и Вараждин во 9. коло од Суперлигата на Хрватска во која партиципираат и тројца македонски репрезентативци Јован Манев, Агон Елези и Димитар Митровски.
По првото полувреме поуспешни Елези и Митровски во дресот на Вараждин кои имаат предност од 0-1. И тројцата се стартери за своите екипи, но Елези е во центарот на вниманието по голот со кој го шокираше големиот фаворит Осијек пред неговите навивачи.
Елези во 14. минута постигна гол за водство на Вараждин по убавата акција на гостите.
Интересно, во 38. минута македонскиот репрезентативец постигна уште еден гол но беше поништен по интервенција на ВАР-системот поради офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА