ВИДЕО: Академија Пандев поведе, па доживеа убедлив пораз од Краковија

Фудбалерите на Академија Пандев го доживеаја и вториот пораз на подготовките во Анталија. По претходниот пораз од рускиот второлигаш Енисеј, овој пат македонскиот прволигаш убедливо загуби со 1-4 од полскиот прволигаш Краковија.

„Академците“ први поведоа на пресметката во 19. минута со голот на Балдовалиев, а на асистенција на Мишев…

Но, потоа следеше комплетна доминација на противникот кој со четири гола во вториот дел стигна до заслужена победа.

Тренерот на Академија Пандев, Панче Стојанов натпреварот против Краковија го почна во следниот состав: Истатов, Илиев, Атанаскоски, Димов, Чешмеџиев, Иванов, Атанасов, С. Пандев (капитен), Мишов, Балдовалиев и Велиновски.

Се вчитува...