ВИДЕО: Атлетичар од Јамајка колабираше на сред трка, веднаш префрлен во болница

Еден од најистакнатите атлетичари на Јамајка, Кемој Кембел колабираше на сред трка на атлетски митинг во Њујорк, САД.

Кембел загуби свест за време на трката на 3.000 метри. Веднаш му беше пружена брза помош, поради проблеми со дишењето со дефибрилатор беше вратен во живот и потоа пренесен во најблиската болница…

 

28-годишниот Кембел се смета за еден од најдобрите тркачи од Јамајка со оглед на неговите учества на трки од 800 до 10.000 метри.

Според последните информации од организаторите на трката, тој по итната болничка интервенција се наоѓа надвор од животна опасност.

Се вчитува...