ВИДЕО: Без публика, но Грузијците подготвуваат навивање на меч…

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Грузијците на еден час пред натпреварот со Македонија кој значи пласман на Европско првенство за една од двете селекции подготвуваат и навивање за време на натпреварот, и покрај тоа што дуелот ќе се игра без присуство на публика.

Ќе имаат и поддршка надвор од „Динамо арена“ каде веќе се присутни илијадници навивачи кои, пак, се подготвуваат за фешта по натпреварот.

Искрено, пак, очекуваме ние да им ја откажеме фештата со победа на македонската репрезентација. Во Грузија, од 19 часот по македонско време, пак, стартува и полицискиот чар поради пандемијата на коронавирусот.

Се вчитува...