ВИДЕО: Безобразлукот на Шерки кој покажа дека е завршена ерата на Дешамп

Синоќа, Франција беше поразена од Англија во натпреварот за третото место на Светското првенство 2026 со 6-4.

Во Мајами гледавме незаборавен натпревар каде што видовме дури десет гола, а на крајот Англичаните успеаја да го освојат бронзениот медал.

Сепак, она што е главна тема е пристапот на француските играчи на мечот, посебно во првото полувреме. „Триколорите“ изгледаа целосно незаинтересирани за првиот дел, што го докажува и фактот дека Англија водеше со 4-0 по првите 45 минути.

Исто така, уште еден детаљ ја „разоткри“ реалноста во францускиот тим и покажа дека Дидие Дешамп ја завршил својата работа на клупата на оваа селекција.

За време на паузата за освежување, тој се обиде да му каже на Рајан Шерки дека мора да е посериозен и да ја поправи својата игра, но играчот од средниот ред воопшто не го слушаше и само одмавна со раката покрај него.

Камерата го фати тоа, а тој детаљ стана една од главните теми на јавноста во Франција, која е згрозена од она што се случи.

Иако многумина веруваат дека Шерки е виновен и дека не треба да реагира на тренерот така, дури ни во лудило, Французите заклучија и дека овој детаљ покажува дека ерата на Дешамп на клупата на Франција е завршена.

Шерки предизвика проблеми и претходно за време на турнирот со своите јавни настапи, кои не беа баш соодветни.

Се вчитува...