ВИДЕО: Блажевски од 30 метри и катастрофалната грешка на голманот Ѓуриќ за бод на Вардар

Вардар успеа да се спаси на гостувањето против Струга ТЛ, и покрај подредената улога во текот на целиот натпревар, извлекувајќи бод во 95. минута благодарение само на катастрофалната грешка на голманот Урош Ѓуриќ по шутот на Дејан Блажевски од слободен удар од околу 30 метри.

Претходно, стружани веќе имаа обезбедено три бода по двата гола уште во првото полувреме кога поведоа со автоголот на Чарлестон во 25. минута а Клинстон Цике постигна евро-гол во 27. минута за 2-0.


Вардар пред полувремето, во 45. минута успеа да ја намали предноста со голот од белата точка на Дарко Мицевски, по реално сомнително досуден пенал за гостите.

Се вчитува...