Видео: Блесокот на Елмас – колку милиони вреди ова ремек-дело?

Повредата на Ферхан Хасани беше единствената причина поради која Елиф Елмас уште во првото полувреме се појави на теренот на „Филип Втори“, но младиот ас на најдобар можен начин ја искористи шансата што сосема случајно му се укажа. Не се само двата гола, од кој вториот беше вистинско ремек-дело, зад името на Елмас остануваат и пет од вкупно седум освоени дуели, но и 89% успешност во додавањата.

И „дијамантот“ блесна во сиот свој сјај, покажувајќи дека неслучајно за него се интересираат бројни европски гиганти. Фенербахче се подготвува да го продаде во летниот преоден рок, а Елмас со прекрасниот гол за 3-1 го израдува и својот клуб, кревајќи ја сопствената цена. Наддавањето веќе почна, а јасно е дека по денешното издание и вредноста на Елмас скокна за неколку милиони евра.

Наскоро очекуваме и потврда, штом почнат да стигнуваат и официјалните понуди од Тотенхем, Лестер, Лион, Борусија Дортмунд… бидејќи Елмас дефинитивно има потенцијал да игра на високо ниво во поголеми лиги од турската.

 

Се вчитува...