Кристијан Трапановски постигна гол на својот прв меч во шкотската Премиер-лига, и тоа во градското дерби меѓу Данди Јунајтед и Данди што заврши без победник, 2-2.
Мечот беше супер-драматичен, а бројните возбудувања ги најави токму Трапановски, кој стрелаше мајсторски за да му донесе водство на Јунајтед од 1-0. Нешто подоцна неговиот тим имаше и 2-1, но тимот на Данди од пенал во второто полувреме успеа да израмни на 2-2 и да стигне до бод на овој натпревар.
Двајцата македонски интернационалци, Трапановски и Бабунски ги одиграа сите 90 минути на овој дуел, покажувајќи дека со право на нив се гледа како на лидери на Данди Јунајтед во новата сезона.
Wuzfjerbrbrbbttswcfkrjdbdr yessss!
🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
1-0 Dundee United. #DUFC
🧡🖤🧡 pic.twitter.com/3beenmtC5m
— Craig David (@craigbryandavid) August 4, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА