ВИДЕО: Дориев донесе победа за Академија Пандев против Локомотив Пловдив

Репрезентативецот Љупчо Дориев донесе победа за Академија Пандев на првиот пријателски натпревар на тимот за време на летните подготовки.

„Пандевци“ на дуелот кој се одигра во Банско, Бугарија, славеа против победникот во бугарскиот Куп, Локомотив Пловдив со 0-1. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дориев уште во 5. минута од натпреварот…

Академија Пандев на пријателскиот натпревар настапи во следниот состав: Кабраковиќ, Илиев, Маневски, Димов, Иванов, Стоилов, Томовски, Дориев, Стојкоски, Пандев и Миловановиќ.

Се вчитува...