ВИДЕО: Драмата со Чешка во 170 секунди – Тензија без „хепи-енд“!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Македонската ракометна репрезентација одигра уште еден повеќе од драматичен натпревар на Европското првенство во Хрватска. Но, за разлика од претходните пресметки против Словенија, Црна Гора и Германија, овој пат без „хепи-енд“ за нас!

Во тензична пресметка, во која и Чесите силно ја посакуваа победата, на крајот и немавме среќа барем да стигнеме до бод по промашениот пенал на Дејан Манасков кој го добивме по прегледувањето на снимката за последната секунда од судиската двојка…

Се вчитува...