ВИДЕО: Дрејмонд Грин повторно создаде „хаос“ – Ќе го тепаше и судијата!

Кошаркарите на Минесота израмнија во полуфиналната серија од Западната конференција на НБА плејофот, откако во вториот натпревар ги победија Голден Стејт Вориорс со 117-93. Сега е 1-1 во серијата, која се сели во Оукленд, а во следните два натпревари „воините“ ќе имаат предност на домашен терен.

Но, натпреварот го одбележа и Дрејмонд Грин, кој повторно создаде хаос на теренот, поради слабоста на својот тим и себеси.

Наз Рид го фаулираше, а потоа Грин го искористи лактот за да го исмее ривалот, што му донесе неспортски фаул.

Реагираше многу бурно и речиси му се најде во лице на судијата Тони Брадерс, но за чудо не беше исклучен. Дури и тренерот Кер стана од клупата и се обиде да го смири Грин.

Грин беше многу лут и по средбата…

„Не сум лут играч со темна кожа. Јас сум успешен, образован човек, со прекрасно семејство. Одличен сум во кошарка, исклучителен во она што го правам. Оваа агенда постојано да ме прикажуваат како лут човек со темна кожа – лудо е. Преку глава ми е од тоа, навистина е смешно“ – рече Грин.

Тренерот Кер се обиде да ја смири ситуацијата…

„Ќе мора да биде внимателен. Треба да остане смирен и верувам дека ќе го стори тоа, бидејќи знае што е во прашање“ – рече Кер.

Се вчитува...