ВИДЕО: Два гола на Абдул Басит за триумф на Македонија ЃП и шести пораз на Пелистер

Македонија ЃП стигна до нова победа сезонава во Првата македонска фудбалска лига благодарение на двата погодоци на Калид Абдул Басит за триумф од 2-1 против Пелистер.

Првиот гол Абдул Басит го постигна во 18. минута.

Гостите израмнија во 37. минута со голот на Бојан Илиевски…

Но, „лавовите“ до трите бода дојдоа со вториот погодок на Абдул Басит во 85. минута. Сето тоа и за шестти едноподруго пораз на Пелистер во првенството.

Се вчитува...