ВИДЕО: „Два во кец“ – голема победа за Силекс!

Фудбалерите на Силекс со пресврт успеаја да стигнат до триумф од 2-1 против Работнички во 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ први дојдоа до предност уште во 7. минута со прекрасниот гол на Остоја Стјепановиќ…

Но, во тензичен дуел, кратовци стигнаа до комплетен пресврт во вториот дел. Најпрви израмни Милош Ѓорѓевиќ во 48. минута од натпреварот…

А, потоа во 63. минута и Стојчевски се запиша во листата на стрелците носејќи големи три бода за Силекс во битката за европски излез!

Се вчитува...