ВИДЕО: Ечи на „Александар Велики“: Столе ти си наша икона, Раул – мајсторе, Алекс Душебаев…

Повеќе од илјада навивачи ги пречекаа европските шампиони на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во сосема очекувано еуфорично издание, испратено со пиротехника, шампањ, и многу задоволство…

„Столе ти си наша икона, Раул мајсторееее…, Циндриќ, Штербик – МВП, Иван Чупиќ, Алекс Душебеав…“ – секако очекувано е дел од навивачкиот репортоар кој ечи на скопскиот аеродром…

Веднаш по првичниот пречек и славје со навивачите, вардаровите ракометари носени на брендираниот панорамски автобус се упатуваат кон скопскиот плоштад каде од 13 часот ќе биде централната прослава за европската титула!

Се вчитува...