ВИДЕО: Еден контранапад, Зајц за водство на Словенија

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Репрезентацијата на Словенија има предност од 1-0 против Македонија по првото полувреме на „Стожице“ во второто коло од квалификациите за пласман на ЕП 2020.

Во главно израмнети 45 минути низ кои македонската селекција одржуваше рамноправност на теренот, Словенците до предност дојдоа по брз контранапад со голот на Зајц во 34. минута од средбата.

 

Веднаш по водството на домашните, Македонија имаше во 37. минута убава можност за израмнување преку Горан Пандев но шансата остана нереализирана. Најголемата можност ја имаше Енис Барди во 45. минута но од одлична позиција осамен пред голот на домашните од 12 метри шутираше над голот на Облак.

 

Се вчитува...