Шкендија води со 1-0 уште од 6. минута против Скопје во заостанатиот натпревар од 1. коло во Првата македонска фудбалска лига.
На дуелот кој се игра во Струга, поради суспензијата на теренот во Тетово, Шкендија до предност дојде со голот од слободен удар на Бразилецот Вагнер Гонсалвес.
Во 6. минута, по краткото проигрување со капитенот Хасани, Бразилецот од слободен удар од повеќе од 20 метри погоди во мрежата на скопјани, благодарение и на дефанзивецот на гостите кој ја допре топката и го промени правецот на движење…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА