Видео: Еве како „самураите“ се поклонија пред Македонците

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Уживање беше да се следи натпреварот меѓу Македонија и Јапонија, не само поради убедливиот конечен резултат, туку и атрактивните потези на нашите ракометари. Ристовски бранеше фантастично, Кире Лазаров и Талески испраќаа проектили во противничката мрежа, Стоилов и Пешевски беа незапирливи за „самураите“, а за крај – точка беше ставен со цепелинот на браќата Лазарови.

Во продолжение, погледнете го официјалното видео со најинтересните моменти од денешниот триумф…

 

Се вчитува...