ВИДЕО: Евро-голот на Стоилов ги спаси „пандевци“ од нов пораз

Евро-голот на Ѓорѓи Стоилов за реми (1-1) на Академија Пандев на гостувањето против Струга ТЛ го одбележа 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Стоилов во 72. минута погоди директно од слободен удар од 25 метри, запишувајќи вистинско ремек-дело.

Претходно, стружани поведоа со голот од пенал на Александар Ристевски во 53. минута.

Се вчитува...