ВИДЕО: Фантастичниот Богдановиќ со дриблинг го исфрли Јокиќ, па акробатски поентираше под обрачот

Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ запиша извонредна партија со 48 реализирани поени во победата на Јута над Денвер. Повеќето кошеви Богдановиќ ги постигна надмудрувајќи го српскиот репрезентативец Никола Јокиќ. Но една акција беше најатрактивна и предизвика воодушевување кај американските коментатори и присутните гледачи.

Хрватот во таа акција шутираше за три поени, но промаши. Сепак, успеа да ја фати одбиената топка и потоа со велемајсторски дриблинг го мина Јокиќ, под кошот со малку акробатика го заобиколи Милсап за да поентира на втор обрач.

Се вчитува...