Гостивар има предност од 0-1 по половина час игра во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци.
Гостиварци дојдоа до водство благодарение на голот на Џелил Абдула во 12. минута кој следеше по феноменално изведениот слободен удар од 25 метри на Алпер Потук.
Потука најпрво директно од слободен удар го погоди десниот дирек од голот на Тиквеш, а во акцијата по одбиената топка во мешаницата пред домашниот гол најдобро се снајде Абдула кој погоди за 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА