Видео: Фијаско на голманот на Арсенал, Сити е во полуфиналето од лига-купот

Манчестер Сити направи уште еден чекор напред кон нов трофеј во лига-купот на Англија, обезбедувајќи пласман во полуфиналето по убедливата победа од 1-4 на гостувањето против Арсенал. Габриел Хесус ги доведе „граѓаните“ во водство на самиот почеток, но Арсенал израмни на 1-1 преку Лаказет, резултат со кој се замина на одмор.

Клучна се покажа катастрофалната грешка на домашниот голман Рунарсон, кој дозволи слободниот удар на Марез да му мине низ рацете и да заврши во мрежата. „Топчиите“ беа во шок, а Сити го искористи тоа и постигна уште два гола преку Фоден и Лапорт за печат на триумфот.

Брентфорд приреди изненадување во првиот четвртфинален натпревар на програмата, триумфирајќи со 1-0 над Њукасл. Да Силва беше стрелец на единствениот гол во 66. минута, со што тимот од Чемпионшип-дивизијата се пласираше во полуфиналето од лига-купот.

Се вчитува...