Тетовска Шкендија фуриозно го стартуваше својот настап во квалификациите за Лигата на Европа ова лето.
На првиот натпревар против молдавска Дачија, кој се игра на стадионот „Младост“ во Струмица, најпрво Бесарт Ибраими од пенал во 5. минута донесе водство од 1-0, откако претходно во шеснаесетникот на гостите беше соборен Радески…
А, потоа во 11. минута Марјан Радески и самиот се запиша во листата на стрелците, откако убаво реагираше на одбиената топка по слободниот удар на Ферхан Хасани.
Во 17. минута и Алими постигна убав погодок со шут од 18 метри, но беше поништен поради пасивна офсајд ситуација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА