ВИДЕО: Гачевски одбрани пенал, но по одбиената топка Каланоски носи водство за Силекс

Силекс доаѓа до пресврт од 2-1 против Вардар во Кратово во заостанатиот натпревар од 16. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Откако претходно „вардарци“ поведоа во 14. минута со голот на Мишковски, а потоа Каланоски израмни на 1-1 со евро-гол во 20. минута, веќе во 27. минута пресврт предност за Силекс од 2-1.

Пенал беше досуден за Силекс во 26. минута откако Блажевски стартуваше врз Марко Ѓорѓиевски во гостинскиот шеснаесетник, па Каланоски беше изведувач на ударот од белата точка. Но, пеналот на Каланоски, голманот на Вардар, Филип Гачевски, убаво го брани за да на одбиената топка сепак Каланоски успешно реагира за водство од 2-1…

Се вчитува...