ВИДЕО: „Гипсарите“ револтирани поради пеналот за Шкендија… Имаше или не?

Шкендија сосема заслужено дојде до победа од 1-3 против Ренова во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига. Иако, „гипсарите“ по мечот го оспоруваа пеналот во 83. минута врз Тотре по кој Бесарт Ибраими ги постави конечните 1-3, кој според нив не постоел.

А, претходно тетовци поведоа со 1-0 со деби-голот на Енсар Љума уште во 4. минута, како и прекрасниот погодок на Јан Кривак во 42. минута.


Се вчитува...