ВИДЕО: Ѓоковиќ се пошегува со Јелена Докиќ: „Како мислиш против помладите? 35 се новите 25!“

Новак Ѓоковиќ го победи Бугаринот Григор Димитров во 3. коло на Австралија Опен, покажувајќи дека се уште и како на него мора да се рачуна во врвниот светски тенис.

По мечот, Ѓоковиќ разговараше со поранешната австралијска тенисерка Јелена Докиќ која е во улога на домаќинка на Австралија Опен, и на прашањето како успева така да се справува со помладите, српскиот тенисер низ шега одговори…

„Како мислите против помладите? Па денес 35 се новите 25… Погледнете како играат Рафа и Енди. На високо ниво сме и го сакам тоа. На овие години секој турнир го цениш повеќе. По 20 години професионален спорт не можев да биде поблагодарен“ – изјави Ѓоковиќ.

Во следната рунда Новак Ѓоковиќ го чека меч против Алекс Де Минор.

 

Се вчитува...