ВИДЕО: „Голеадата“ во Тетово – Бразилски супер-погодоци на Фелипе и Итало!

Вардар повеќе од убедливо со 2-5 славеше против Ренова во Тетово во 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.

И покрај тоа што натпреварите на овие два противника во македонскиот шампионат традиционално биле тврди едвај, главно со по еден до два погодоци, овој пат дури седум гола на дуелот под Шара… Од нив, сигурно вреди да се издвојат евро-головите на Бразилеците од вардаровите редови Хуан Фелипе и Итало.

Фелипе најпрво погоди директно од слободен удар во 45. минута, а во 90. минута Итало испрати вистинска „бомба“ од 25 метри…

Се вчитува...