ВИДЕО: Голот кој ја покори Европа – Чупиќ за Вардар европски шампион!

Пред точно една година Вардар ја покори Европа. Црвено-црните ракометари иако во Келн на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите заминаа како тотални аутсајдери сепак во Скопје се вратија со европската шампионска титула.

Токму на денешен ден во финалето на Фајнлфор турнирот, со голот на Иван Чупиќ кој засекогаш ќе остане запаметен, Вардар во последната секунда од мечот триумфираше против ПСЖ со 24-23… За запишување историја!

Се вчитува...