ВИДЕО: Голот на Бенјамин Демир со кој Вардар ја смири Воска и остана во игра за Прва лига

Вардар успеа да ја добие дерби-пресметката од Втората лига – Запад во 25. коло славејќи со 0-1 на гостувањето против Воска Спорт.

„Црвено-црните“ на дуелот во Струга триумфираа за три бода со кои останаа во игра за втората позиција на табелата и бараж за враќање во Првата лига.

Стрелец на победничкиот гол за Вардар беше Бенјамин Демир во 64. минута од средбата.

Сега Вардар е на три бода од второпласираната Воска, на две кола до крајот на второлигашкото првенство.

Се вчитува...