ВИДЕО: Голови како на лента во Ѓорче Петров, Шефити се прошета во домашниот шеснаесетник за победа на Ренова

Македонија ЃП и Ренова одиграа натпревар со пет погодоци во кој „лавовите“ изненадувачки загубија со дури три примени гола во сопствената мрежа.

По мирните почетни 30 минути, Ренова во првото полувреме поведе со голот на Сухељ. Во вториот дел два гола за „лавовите“, најпрво на Ермендин Адем за израмнување, а потоа и евро-гол на Бразилецот Фернандињо за 1-2.

Но, сето тоа не значеше крај на погодоците. Ренова брзо израмни преку Селмани, а Шефити во 87. минута се прошета во домашниот шеснаесетник за триумф од 2-3.

Се вчитува...