ВИДЕО: Головите од поразот на Силекс и од Луч Енергија… (1-2)

Кратовски Силекс загуби и на вториот контролен натпревар за време на зимските подготовки во Анталија, овој пат од рускиот второлигаш Луч Енергија од Владивосток со 1-2 (0-1).

Русите до триумфот дојдоа со головите во 4. минута на Мјазин и во 46. минута на Гелојан, а единствениот гол за Силекс го постигна Филип Тимов од пенал во 88. минута од средбата.

Претходно, како што е познато, Силекс загуби со 0-3 и од руски Оренбург.

Се вчитува...