ВИДЕО: Гранде Пандееееееев… Велемајсторска акција Елмас-Несторовски-Пандев за водство на Македонија

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација има водство од 0-1 во Тбилиси во историскиот натпревар за пласман на ЕП, благодарение на голот на кој друг ако не капитенот Горан Пандев кој погоди по извонредната акција во 56. минута.

Феноменална акција по левата страна поведе Елиф Елмас кој велемајсторски продре по страна, проигрувајќи го Несторовски пред голот на Грузијците. Офанзивецот извонредно проигра до Пандев на кого од неколку метри не му беше тешко да погоди за 0-1.

 

Се вчитува...