ВИДЕО: „Грандееее Пандев“ – Македонија води со Норвешка на полувремето!

Репрезентацијата на Македонија води со 1-0 на полувремето од пријателскиот натпревар против Норвешка, благодарение на погодокот на капитенот Горан Пандев во 43. минута.

„Гранде Пандев“ извонредно ја реализираше прекрасна акција на Езгијан Алиоски кој одлично го проигра во шеснаесетникот на гостите…

Претходно, се до тој момент, израмнет дуелот на „Филип Втори“. Мечот стартуваше без многу возбудувања а првите две можности беа запишани за македонската репрезентација. Најпрво во 12. минута, Алиоски продре по десната страна, шутираше откосо од околу 15 метри но топката за малку заврши над гредата од голот на Норвежаните. Во 16. минута и уште поизгледна шанса за Алиоски кој доби топка пред голот на гостите од Пандев, но во пад од само неколку метри шутираше покрај левиот дирек.

По тие две можности за Македонија, веќе во 19. минута Норвешка имаше одлична шанса да дојде до водство, но дирекот го спаси нашиот гол по шутот на Одегард. Во 24. минута и Камара се најде во одлична позиција по нафрлањето од левата страна, но од 7-8 метри пред нашиот гол шутираше непрецизно.

Во продолжението, Камара имаше уште една шанса со шут од околу 20 метри во 34. минута, но над голот на Димитриевски, за да потоа следи прекрасната акција Алиоски – Пандев, и голот за водство на Македонија!

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКА (1-0)

Национална арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 3.000. Стрелци: Пандев 43′ (М).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристевски, Зајков, Велковски, Ристовски, Барди, Спировски, Радески, Трајковски, Пандев, Алиоски

НОРВЕШКА: Грујтебуст, Хенриксен, Валсвик, Линс, Мелик, Нордтвит, Одегард, Селнес, Сорлот, Свенсон, Камара

Се вчитува...