ВИДЕО: Грчкиот „ѕвер“ постигна неверојатни 64 поени па сакаше да се тепа со противниците

Грчкиот „ѕвер“ Јанис Антетукомбо одигра уште една нереална партија постигнувајќи 64 поени во победата на Милвоки над Индијана од 140-126 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

На извонредната шутерска партија Јанис дополни и 14 скока, на тој начин запишувајќи уште еден „дабл-дабл“ ефект и свој нов рекорд во НБА лигата.

Токму поради тоа Јанис по мечот сакаше да ја зачува топката од дуелот, поради што се вклучи во инцидент со противничката екипа. Откако забележа дека топката која му е дадена не е користена на натпреварот, му беше соопштено дека оригиналната од мечот е кај играчите на Индијана. Па, Јанис се стрча во соблекувалната на гостите решен и на тепачка со противниците само за да ја добие оригиналната топка. Се создаде мешаница, но беше спречен поголем инцидент.

Од гостинскиот тим објаснија дека и тие ја сакале таа топка како спомен за својот кошаркар Оскар Шијебве кој на натпреварот ги постигна своите први поени во НБА лигата.

Јанис и претходно, за време на натпреварот, се впушташе во клинч со противничките кошаркари, па нетрпението го преточи и на крајот од дуелот во битката за топката.

Се вчитува...