Грешките на голманите на двете страни, се чини, го одбележаа натпреварот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје меѓу Работнички и Академија Пандев во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига. На крајот, заслужен триумф на „пандевци“ од 1-2 по убавиот погодок на Крстовски во 78. минута.
Претходно, Сашко Пандев по само 50 секунди игра донесе водство за гостите од 0-1, благодарение на катастрофалната грешка на домашниот голман Шишковски. А потоа, Шаркоски успеа да израмни за Работнички во 40. минута со шут од далечина, но на кој му „кумуваше“ гостинскиот голман Чубраковиќ кој буквално ја испушти топката на гол линијата….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА