Видео: Гвардиола полуде, па врескаше по четвртиот судија

Пеп Гвардиола дефинитивно се почесто ги губи нервите за време на натпреварите на Манчестер Сити. Слабите резултати на „граѓаните“ го прават своето, па каталонскиот стручњак полуде и во финишот од синоќешниот меч со ВБА, влегувајќи во конфликт со четвртиот судија.

Проблем за Гвардиола беше дополнителното време од четири минути што беше одредено за второто полувреме, па менаџерот на Сити мина триесетина секунди во расправа со судијата, за момент не дозволувајќи му да ја крене таблата за да покаже уште колку има да се игра до крајот на мечот.

Сити ремизираше само 1-1 на домашен терен против претпоследниот тим на табелата, а „граѓаните“ во дополнителните четири минути создадоа два зицери, но Гундоган и Стерлинг не успеаја да најдат начин да го совладаат одличниот Џонстон.

Се вчитува...